| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски: Заев е недоследен, вели не верувал во обвинителството, а поднесува пријави

Stevce-Jakimovski-int74-2Не може опозицијата кога сака да верува на институциите, кога сака да не верува и да вели дека не се гледа со Груевски, а испаѓа дека се гледа со Груевски, дека не го познава Верушевски, па го познава и купил компјутер, па дури и џипови требало да купи, оцени за телевизијата 24 Вести претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Заев вели дека градежната дозвола на „Глобал“ е според сите законски прописи, за кој е и аболициран, а денес, како што рече Јакимовски, гледаме дека имаме легализација на неколку илјади квадрати од „Глобал“.

-Како можеме ние да зборуваме за една кредибилност на оној што ги соопштува овие информации. Ние од овој извор само оваа недела немаме некој гаф или порекнување на она што веќе се случило. Ние не можеме да видиме консеквентност на она што го зборува за да може да видиме политички кредибилитет за она што тој го соопштува, потенцираше Јакимовски.

Кој е кредибилитетот на оној што ги поседува, односно на изворот на овие информации? Тој исти извор вели дека не верува во обвинителството, а гледаме веќе два пати како оди во обвинителството и поднесува кривични пријави, додава Јакимовски. Опозицијата не може кога сака да верува на институциите, кога сака да не верува, смета тој.

-Не може тој извор да каже дека не се гледа со Груевски, а испаѓа се гледа со Груевски, дека не го познава Верушевски па испаѓа го познавал, па дури купувал и компјутери, а требал да купи и џипови, додаде Јакимовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top