Грчката Влада соопшти дека нема да им дозволи на претставниците на меѓународните кредитни организации да се вратат во Грција, само еден ден откако грчкиот министер за финансии изјави дека кредиторите ќе бидат добредојдени во земјата.
-Тројката е минато во формата во која ја познаваме, како и праксата претставниците на тројката да доаѓаат во Атина на разговари со различни министерства, изјави владиниот портпарол Гаврил Сакеларидис за приватната телевизија Антена.
Сакеларидис изјави дека министерот за финансии Јанис Варуфакис директно ќе зборува со институциите и одлуките ќе се донесуваат на политичко ниво, додека претставниците на грчката Влада и меѓународните кредитори на земјата ќе разговараат на техничко ниво во Брисел.
Изјавата на Сакеларидис е во спротивност со онаа што Варуфакис вчера ја даде по завршувањето на средбата на Еврогрупата во Брисел, на која тој кажа дека членовите на кредитните институции ќе бидат поздравени во Атина.
-Грција е многу гостопримлива земја, така што членовите на сите инстутуции би требало добро да ги пречекаме во Грција – не само за одмор, туку, исто така, за да се заврши многу многу сериозната работа, што е неопходна, рече Варуфакис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција