| четврток, 6 декември 2018 |

Верушевски повторно на распит во Обвинителство

verusesese

Поранешниот директор на УБК, Зоран Верушевски, по вторпат беше на распит во Обвинителството за организиран криминал.

Од обвинителството официјално не даваат никаква информација за случајот и велат дека не можат да изнесуваат никакви детали во рамки на истрагaта.

При првиот распит Верушевски бил дециден дека не соработувал со странски служби.

МВР го обвинува Верушевски дека е главниот во аферата „Пуч“, во која како осомничен се појавува и претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Верушевски втор месец се наоѓа во притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top