| четврток, 6 декември 2018 |

Како да се наспиете – Шест совети од експерт

nenaspanost

За да бидете успешни, потребни ви се не само талент и мотивација, но и добро здравје. Важен, но запоставен дел од последното е сонот.

Нитум Верма е научник и основач на компанија „PeerWell“, кој е експерт за спиење. Неодамна тој одговараше на прашања во „Reddit“ поврзани со спиењето.

Погледнете кои се основните заклучоци од разговорот со него:

На спиење одете и будете се секој ден во исто време

11

Вашето тело има внатрешен часовник, кој ќе се програмира, ако секој ден на спиење одите и станувате во исто време. Кога во текот на викендот спиете повеќе, вашето тело е во состојба како при временската разлика кога патувате, има разлика која неможе да си објасни.

Спиј 7 – 9 часа на ден

Потребни се помеѓу 7 и 9 часа за да вашиот организам помине низ сите фази низ кои треба, за да одмори и да се опорави.

Некои луѓе спијат само по 4-5 часа и велат дека се навикнати и не се чувствуваат уморни, вели Верма. Но тие сами си се лажат. Навистина може да се навикнеш на овој режим, но не е здраво тој да се одржува долго време.

Внимавајте што јадете и пиете пред спиење

Monica-Bellucci-Eating-In-Bed-1920x1200-23708

Избегнувајте да јадете непосредно пред спиење. Алкохолот исто така не е за препорачување. Некои луѓе мислат дека алкохолот ќе ги успие, но всушност тој е штетен во подлабока фаза на спиењето.

Не тренирајте непосредно пред спиење

Можете да направите малку гимнастика пред спиење, ако не сте имале време во текот на денот, но тоа ќе го разбуди мозокот и ќе ви даде наплив на енергија, што потоа ќе ви пречи да заспиете.

Темни завеси

Погрижете се во спалната соба ви да е темно и тивко.

sexy-spalna-02

Ритуал пред спиење

Замислете дека вашето тело е како автомобил. Дури и нагло да притиснете на кочница, ќе треба време за сопирање. Ова му треба и на вашето тело, време за сопирање и прилагодување кон спиењето.

Добро е точно еден час пред спиење, да го исклучите лаптопот и да не гледате во вашиот смартфон, за да не се расеувате.

Можете да измислите некој ритуал за последните 10 минути пред спиење, за да се подготви телото за спиење.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top