| четврток, 6 декември 2018 |

Рударите од „Злетово“ и од „Тораница“ продолжија со работа

рудар

Рударите од рудниците „Злетово“ и „Тораница“ се вратија на работа и производството е нормализирано, соопшти менаџментот на рудниците.

Оттаму посочуваат дека за време на викендот мал број рудари одбиле да се симнат во јамите и да почнат со работа, додека истовремено ги спречувале и останатите рудари да го сторат истото.

– Активностите беа оркестрирани од мала група вработени и индивидуалци, водени од лични интереси. По постигнувањето договор, односите меѓу менаџментот и вработените се развиваат во позитивна насока – се вели во соопштението од менаџментот на рудниците „Злетово“ и „Тораница“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top