Штипската полиција поднесе кривична пријава за Ф.С.(62) од Кочани поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело измама.
На 13 февруари пријавениот, откако претходно довел во заблуда лице од Кочани со лажно прикажување на фактите дека ќе му обезбеди да замине за Австралија, го одвел во банка во Кочани од каде што лицето повлекло парични средства, и тоа 49.156 американски долари и 562 евра и ги дал на пријавениот, по што истиот воопшто не се сретнал и не му обезбедил на лицето да замине за Австралија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


