| четврток, 6 декември 2018 |

Според руски пратеник, Русија спречила балканско сценарио во Украина

руски пратеник

-Благодарение на принципиелниот став на Русија кон Донбас, спречено е повторување на балканското сценарио од 1999 година – изјави Франц Клинцевич, заменик-шеф на пратеничката група на Единствена Русија.

– Ситуацијата можеше да биде многу полоша отколку на Балканот. Русија и нејзиниот принципиелен став го спречија повторувањето на сценариото од 1999 година, кога силите на НАТО влегоа во Југославија без мандат од ОН – истакна Клинцевич, кој е член на Комитетот за одбрана на руската Дума.

Тој реагираше како одговор на изјавата на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини дека ситуацијата во Украина е најлошата криза во Европа од Балканските војни.

– Нападите на НАТО во Украина би можеле да ја доведат меѓународната заедница до голема војна – смета Клинцевич.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top