| четврток, 6 декември 2018 |

Вонредна состојба во северниот дел на Грција поради поплави

поплава

Во регионот на Серес во северниот дел на Грција денеска е прогласена вонредна состојба по неколкудневните обилни врнежи од дожд кои уништија многу посеви и поплавија делови од патната мрежа.

Според проценка на технички тимови кои ги посетија најтешко погодените општини во регионот, во десетици села поплавени се најмалку 5.000 хектари обработливо земјиште. Штета е евидентирана и кај системите за наводнување и одводнување, на руралните патишта и мостови.
Регионалните власти исто така предупредија дека водата во езерото Керкини е на опасно високо ниво, и состојбата постојано се следи. Заменик гувернерот на Серес Јанис Моисидис изјави дека властите не ја отфрлаат можноста за отворање на браната Керкини за да се намали притисокот на вештачкото езеро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top