Чешкиот претседател Милош Земан останува на својот став дека во Украина не постојат докази за присуство на руски војници и покрај тоа што за тоа сѐ погласно се зборува во медиумите и Северноатлантската алијанса отворено ја повика Русија да престане во земјата да испраќа техника и војска, јави дописникот на МИА од Прага.
– Покажа некој на телевизија макар и еден заробен руски војник? – запраша Земан во врска со тврдењата дека дел од Украина е под влијание на руската војска. Неговиот став се разликува од информациите кои ги има чешката влада.
– Имаме цела низа индиции, дека се повторуваат случаи на преминување на границата од руски вооружени сили и додавање материјали – изјави неодамна шефот на чешката дипломатија Лубомир Заоралек.
На страната на Кремљ останува Земан и во врска со најгорливото прашање во врска со убиството на опозицискиот политичар Борис Немцов. Убиството го призна поранешен чеченски полицаец, кому му пречела критиката на исламот од страна на Немцов, но опозицијата не верува дека тој е вистинскиот извршител.
Минатата година, во време на украинската криза, Земан учествуваше на настан организиран од Владимир Јакунин, шефот на руската железница и близок пријател на претседателот на Русија, Владимир Путин, за што беше критикуван и од домашните и од странските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина