| четврток, 6 декември 2018 |

Порошенко потврди дека бунтовниците го повлекле своето тешко оружје

Украинскиот претседател Петро Порошенко потврди дека проруските бунтовници во Источна Украина повлекле „значителен дел“ од своето тешко оружје.

Ова е првпат официјален Киев да потврди дека бунтовниците се придржуваат на одредбите од спогодбата во Миннск, постигната минатиот месец меѓу Украина, Русија, Франција и Германија.

Пред три дена, Порошенко сѐ уште ги обвинуваше дека бунтовниците не се придржуваат на спогодбата иако тие тврдеа дека веќе повлекле најголем дел од своите тенкови и топови.

Според спогодбата од Минск, двете завојувани страни треба да го повлечат своето тешко вооружување од линијата на фронтот до почетокот на март. Украинскиот претседател изјави дека и воените сили на Украина повлекле, како што рече, лавовски дел од своето најтешко оружје­ ракетите и тешката артилерја.

Спогодбата предвидува двете страни меѓу себе треба да создадат тампон-зона од најмалку 50 км кога станува збор за тешките топови, 70 км за ракетите со срден дострел и 140 км за најмоќното ракетно оружје.

Прекинот на огнот на фронтот се одржува и покрај повремените престрелки, за кои двете страни меѓусебно се обвинуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top