Атлтанта хоукс ноќеска стана првата екипа што ја прокнижи педесеттата победа во сезоната во НБА-лигата, а подоцна им се приклуќи и Голден стејт вориорс.
Со рекордни 130 поени во победата од 130-105 против Сакраменто кингс, јастребите се рехабилитираа за неочекуваниот пораз од Филаделфија 76. Перо Антиќ не играше во вечерта што беше специјална за Хоукс и ќе се памети и по рекордните 20 тројки. Кајл Корвер беше лидер со шест прецизни удари од 8 обиди зад линијата за три поени, а Атланта си го подобри остварувањето од 19 тројки од 1996 година против Далас.
Тие се единствената екипа засега што го обезбеди настапот во плејофот, а билансот од 50-13 е речиси идентичен со тој на Голдене стејт екипа што има ист броја на победи и еден пораз помалку. Ноќеска воините убедливо го победија Феникс со 98-80. Блескаше Стефон Кари со 36 поени.
Резултати: Шарлот – Вашингтон 95-69, Атланта – Сакраменто 130-105, Мајами – Бостон 90-100, Чикаго – Мемфис 91-101, Милвоки – Њу Орлеанс 103-114, Денвер – Њујорк 106-78, Феникс – Голден стејт 80-98, Лос Анџелес клиперс – Минесота 89-76.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.