| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Марија Хаџи-Лега: Глобално, како да постои епидемија на породување со царски рез

Сè по­че­сто­то по­ро­ду­ва­ње со цар­ски рез, мо­же­би, се слу­чу­ва по­ра­ди не­до­вол­на­та под­го­тве­ност на ид­на­та мај­ка или на­пред­на­та­та во­зраст на труд­ни­ца­та, па за­тоа е мно­гу важ­на пси­хо­фи­зич­ка­та под­го­то­вка на труд­ни­ца­та, ве­ли д-р Ха­џи Ле­га  

Уни­вер­зи­тет­ска­та кли­ни­ка за ги­не­ко­ло­ги­ја и аку­шерс­тво е нај­го­ле­мо­то ро­ди­ли­ште во Ма­ке­до­ни­ја, ка­де што го­диш­но на свет до­а­ѓа­ат око­лу шест ил­ја­ди но­во­ро­ден­чи­ња. Пред три го­ди­ни Кли­ни­ка­та е пре­се­ле­на во нов об­јект, ка­де што зна­чи­тел­но се по­до­бре­ни ус­ло­ви­те за ро­дил­ки­те, има но­ви опе­ра­ци­о­ни са­ли, ро­дил­ни бо­ксо­ви, но­ва опре­ма и ла­бо­ра­то­рии. Се­то тоа го зго­ле­ми и обе­мот на ра­бо­та на Кли­ни­ка­та, ве­ли ди­ре­ктор­ка­та на Кли­ни­ка­та, аси­стент д-р Ма­ри­ја Ха­џи-Ле­га.

 Отка­ко е ре­но­ви­ра­на Кли­ни­ка­та за ги­не­ко­ло­ги­ја и аку­шерс­твоМа­ке­до­ни­ја до­би европ­ска ги­не­ко­ло­ги­ја. Кол­ку по­ро­ду­ва­ња се вр­шат на Кли­ни­ка­та го­диш­но и да­ли таа сè уште е нај­го­ле­мо­то ро­ди­ли­ште во Ма­ке­до­ни­ја?

ХА­ЏИ-ЛЕ­ГА: Уни­вер­зи­тет­ска­та кли­ни­ка за ги­не­ко­ло­ги­ја и аку­шерс­тво­то пред три го­ди­ни комп­лет­но е пре­се­ле­на во нов об­јект. Кли­ни­ка­та е ед­на од нај­мо­дер­ни­те јав­ни здрав­стве­ни уста­но­ви ко­ја овоз­мо­жу­ва здрав­стве­ни ус­лу­ги на ви­со­ко ни­во. Ток­му по­ра­ди тоа, а и по­ра­ди кон­ку­рент­но­ста на не­кои при­ват­ни здрав­стве­ни уста­но­ви, обе­мот на ра­бо­та е зго­ле­мен. Кли­ни­ка­та сè уште е нај­го­ле­мо­то ро­ди­ли­ште во Ма­ке­до­ни­ја, ка­де што го­диш­но на свет до­а­ѓа­ат око­лу шест ил­ја­ди но­во­ро­ден­чи­ња. Пред да се пре­се­ли­ме во но­ви­от об­јект, број­ка­та се дви­же­ше ме­ѓу 5.000 и 5.500 по­ро­ду­ва­ња го­диш­но.

По­до­бре­ни се ус­ло­ви­те за ро­дил­ки­те, има но­ви опе­ра­ци­о­ни са­ли, ро­дил­ни бо­ксо­ви, но­ви ла­бо­ра­то­рии, но­ва опре­ма. Да­ли се­то тоа ви го зго­ле­ми обе­мот на ра­бо­та?

ХА­ЏИ-ЛЕ­ГА: Бол­ни­ца­та е из­гра­де­на спо­ред европ­ски стан­дар­ди. Па­ци­ен­тки­те има­ат апарт­ман­ско сме­сту­ва­ње, со­би­те се дво­кре­вет­ни, со сопс­твен то­а­лет. Тоа при­до­не­се обе­мот на ра­бо­та да би­де зго­ле­мен на се­кое по­ле. Има­ме но­ви опе­ра­ци­о­ни са­ли, но­ва опре­ма, нај­со­вре­ме­ни ул­траз­вуч­ни апа­ра­ти со ко­и­што е овоз­мо­же­но на­вре­ме­но откри­ва­ње фе­тал­ни ано­ма­лии, ка­ко и но­ви ла­бо­ра­то­рии за ве­штач­ко оп­ло­ду­ва­ње. По па­у­за од две го­ди­ни, по­втор­но го поч­нав­ме про­е­ктот за би­о­ло­шки пот­по­мог­на­то оп­ло­ду­ва­ње на Кли­ни­ка­та. Ус­пеш­но­ста на цик­лу­си­те во­де­ни со овие по­стап­ки се зго­ле­му­ва бла­го­да­ре­ние на опре­ма­та што е на­ба­ве­на во ла­бо­ра­то­ри­ја­та за фер­ти­ли­за­ци­ја. Во ла­бо­ра­то­ри­ја­та за ти­пи­за­ци­ја на ху­ман-па­пи­ло­ма ви­рус (ХПВ) има нај­со­вре­ме­на опре­ма. Овој ви­рус е еден од глав­ни­те при­чи­ни­те­ли на цер­ви­кал­ни­от кар­ци­ном кај же­на­та. Би­о­хе­ми­ска­та ла­бо­ра­то­ри­ја е опре­ме­на со нај­со­вре­ме­на апа­ра­ту­ра за ске­ни­ра­ње на мож­но­ста за хро­мо­зо­мо­па­ти­ја кај пло­дот, а тоа се та­ка­на­ре­че­ни­те те­сто­ви при­ска 1 и при­ска 2. Тоа е би­о­хе­ми­ско ске­ни­ра­ње кое е комп­ле­мен­та­рен со ул­траз­вуч­но­то и овоз­мо­жу­ва ске­ни­ра­ње на тоа да­ли пло­дот спа­ѓа во ви­со­ко­ри­зич­на или ни­ско­ри­зич­на гру­па за при­пад­ност во гру­па­та на Да­у­нов син­дром. Се­ка­ко, тоа не е де­фи­ни­тив­на ди­јаг­но­за, ту­ку по­треб­но е до­пол­ни­тел­но ис­пи­ту­ва­ње. Да го спом­нам и стар­ту­ва­ње­то на опе­ра­ци­о­на­та са­ла ко­ја е на­ме­не­та иск­лу­чи­во за ла­про­скоп­ски опе­ра­ции, од­нос­но за ми­ни­мал­но ин­ва­зив­на хи­рур­ги­ја. Кли­ни­ка­та ин­тен­зив­но ра­бо­ти на до­е­ду­ци­ра­ње на ка­да­рот и на сè по­го­ле­ма за­ста­пе­ност на овој тип ин­тер­вен­ции за да се на­ма­ли пре­сто­јот на па­ци­ен­тки­те во бол­ни­ца­та и да се овоз­мо­жи по­бр­зо заз­дра­ву­ва­ње на опе­ри­ра­ни­те па­ци­ен­тки. Комп­лет­но, обе­мот на ра­бо­та е зго­ле­мен, и тоа со зна­чи­те­лен ква­ли­тет.

Dir Marija Hadzilega (2) (Custom)

Свет­ски тренд е и по­стои тен­ден­ци­ја на по­раст на пред­вре­ме ро­де­ни де­ца, ду­ри и во САД, ка­ко ед­на од нај­раз­ви­е­ни­те зем­ји во све­тот

Во Евро­па, во про­сексе­кое де­сет­то бе­бе се ра­ѓа пред­вре­ме, а во Ма­ке­до­ни­ја бро­јот на пред­вре­ме­норо­де­ни бе­би­ња е двој­но зго­ле­мен. Ток­му по­ра­ди тоа, на Кли­ни­ка­та е на­ба­вен ла­кта­ри­ум за мај­ки­те на овие бе­би­ња да мо­жат да се из­мол­зу­ва­ат и да им оста­ва­ат мле­ко на но­во­ро­ден­чи­ња­та. Кол­ку е иско­ри­стен ла­кта­ри­у­мот?

ХА­ЏИ-ЛЕ­ГА: Свет­ски тренд е и по­стои тен­ден­ци­ја на по­раст на пред­вре­ме ро­де­ни де­ца, ду­ри и во САД, ка­ко ед­на од нај­раз­ви­е­ни­те зем­ји во све­тот. Тој тренд го има и во Ма­ке­до­ни­ја. По­себ­но е ви­со­ка стап­ка­та на пред­вре­ме­ни по­ро­ду­ва­ња ток­му на Кли­ни­ка­та по­ра­ди тоа што е усво­ен кон­цепт си­те па­ци­ен­тки со за­ка­ну­вач­ко пред­вре­ме­но по­ро­ду­ва­ње од це­ла­та зем­ја да ја за­вр­шу­ва­ат бре­ме­но­ста на оваа кли­ни­ка. Про­цен­ту­ал­на­та за­ста­пе­ност на пред­вре­ме­но по­ро­ду­ва­ње во од­нос на це­ло­куп­но­то по­ро­ду­ва­ње е око­лу 18 про­цен­ти. Во све­тот ин­тен­зив­но се ра­бо­ти на откри­ва­ње на ети­о­ло­шки­те при­чи­ни за овој тренд. Ние ка­ко Кли­ни­ка учес­тву­ва­ме во мно­гу­број­ни про­е­кти, кои ре­зул­ти­ра­ле со по­ја­ву­ва­ње на­уч­ни тру­до­ви во спи­са­ни­ја со им­пакт-фа­ктор, ток­му по­ра­ди ви­со­ка­та за­ста­пе­ност на пред­вре­ме­но­то по­ро­ду­ва­ње. Кли­ни­ка­та ин­тен­зив­но ра­бо­ти на про­мо­ви­ра­ње кон­цепт за на­ма­лу­ва­ње на стап­ка­та на пред­вре­ме­но по­ро­ду­ва­ње, ка­ко и на­вре­ме­но откри­ва­ње на па­ци­ен­тки­те што се из­ло­же­ни на ри­зик за пред­вре­ме­но по­ро­ду­ва­ње за да се ин­тер­ве­ни­ра на­вре­ме. Мно­гу ед­но­ста­вен на­чин е ске­ни­ра­ње на ри­зи­кот од пред­вре­ме­но по­ро­ду­ва­ње пре­ку ме­ре­ње на дол­жи­на­та на гр­ло­то на ма­тка­та со ва­ги­нал­на сон­да во тек на ул­траз­ву­чен прег­лед на фе­тал­ни ано­ма­лии во вто­ро­то три­ме­сеч­је. Тоа е ске­ни­ра­ње што се пра­ви од 20. до 22. ге­ста­ци­ска не­де­ла. Ду­ри и во про­то­ко­ли­те за ра­бо­та се су­ге­ри­ра овој мно­гу ед­но­ста­вен и евтин ме­тод да се до­да­де на во­о­би­ча­е­но­то ске­ни­ра­ње за фе­тал­ни ано­ма­лии ка­ко мош­не ефи­кас­на мер­ка ко­ја ќе овоз­мо­жи ске­ни­ра­ње на ви­со­ко­ри­зич­ни­те гру­пи и со­од­вет­но тре­ти­ра­ње. До­ка­жа­но е де­ка при­ме­ну­ва­њет­то ге­ста­ге­на, про­ге­сте­рон­ска те­ра­пи­ја кај та­кви­те труд­ни­ци ре­зул­ти­ра со зна­чи­тел­но на­ма­лу­ва­ње на стап­ка­та на пред­вре­ме­но по­ро­ду­ва­ње. Пред­вре­ме­но­то по­ро­ду­ва­ње е асо­ци­ра­но со ви­сок пер­и­на­та­лен мор­та­ли­тет и пер­и­на­та­лен мор­би­ди­тет. За­тоа е мош­не важ­на ис­хра­на­та на овие но­во­ро­ден­чи­ња, пред сè во пог­лед на раз­во­јот на нив­ни­от не­раз­ви­ен ор­ган­ски си­стем. Пред не­кол­ку ме­се­ци поч­на да ра­бо­ти ла­кта­ри­у­мот на Од­де­ле­ни­е­то за ин­тен­зив­на не­га и те­ра­пи­ја. Мај­ки­те чи­и­што бе­би­ња се хос­пи­та­ли­зи­ра­ни во Од­де­ле­ни­е­то за ин­тен­зив­на не­га и те­ра­пи­ја има­ат мож­ност да се из­мол­зат, од­нос­но да го оста­ват мле­ко­то ка­ко нај­до­бар из­вор за хра­на на но­во­ро­ден­че­то. Во сог­лас­ност со свет­ски­те трен­до­ви и сту­дии, кои по­ка­жу­ва­ат де­ка кон­та­ктот на мај­ка­та, од­нос­но кон­та­ктот на се­мејс­тво­то со пред­вре­ме­но ро­де­ни­те бе­би­ња е мош­не ва­жен и зна­чи­тел­но при­до­не­су­ва во по­до­бру­ва­ње на пре­жи­ву­ва­ње­то на овие но­во­ро­ден­чи­ња, го отво­рив­ме ка­би­не­тот за „кен­гу­ри­ра­ње“. Ро­ди­те­ли­те има­ат мож­ност, со по­мош на ме­ди­цин­ски­те ли­ца, да вос­по­ста­ват не­по­сре­ден кон­такт, ко­жа на ко­жа, и исто­вре­ме­но да се еду­ци­ра­ат за по­лес­но спра­ву­ва­ње и над­ми­ну­ва­ње со пси­хич­ки­те проб­ле­ми со кои се со­о­чу­ва ед­но та­кво се­мејс­тво. Кон­та­ктот ко­жа на ко­жа го олес­ну­ва над­ми­ну­ва­ње­то на тој те­жок пер­и­од за се­мејс­тво­то и за но­во­ро­ден­че­то.

Ка­ко го ко­мен­ти­ра­те но­ви­от пра­вил­ник спо­ред кој ги­не­ко­ло­зи­те мо­жат да пра­ват цар­ски рез са­мо ако по­сто­јат ме­ди­цин­ски ин­ди­ка­ции за тоа? 

ХА­ЏИ-ЛЕ­ГА: Во свет­ски рам­ки, по­ро­ду­ва­ње­то со цар­ски рез е око­лу 15 про­цен­ти. Гло­бал­но, ка­ко да по­стои епи­де­ми­ја на зго­ле­му­ва­ње на по­ро­ду­ва­ња­та на тој на­чин. Сè по­че­сто по­ро­ду­ва­ње со цар­ски рез, мо­же­би, се слу­чу­ва по­ра­ди не­до­вол­на­та под­го­тве­ност на ид­на­та мај­ка или на­пред­на­та­та во­зраст на труд­ни­ци­те, па за­тоа е мно­гу важ­на пси­хо­фи­зич­ка­та под­го­то­вка на труд­ни­ца­та. Тре­ба да се по­чи­ту­ва­ат пре­по­ра­ки­те од ма­тич­ни­от ги­не­ко­лог уште на по­че­то­кот. Тре­ба да се разг­ле­да мож­но­ста ед­на труд­ни­ца да при­сус­тву­ва на ча­со­ви за пси­хо­фи­зич­ка под­го­то­вка за по­ро­ду­ва­ње, ка­кви што по­сто­јат на Кли­ни­ка­та. Ти­мот е со­ста­вен од аку­шер­ка, ги­не­ко­лог, пе­ди­ја­тар, ане­сте­зи­о­лог, та­ка што па­ци­ен­тка­та има мож­ност да се за­поз­нае со пре­диз­ви­ци­те на ко­и­што ќе би­де из­ло­же­на при са­ми­от чин на по­ро­ду­ва­ње. Мо­же­би про­цен­тот на по­ро­ду­ва­ња со цар­ски рез е зго­ле­мен по­ра­ди зго­ле­му­ва­ње на стап­ка­та на близ­нач­ка бре­ме­ност во оп­шта­та по­пу­ла­ци­ја на труд­ни­ци, а ко­ја­што се дол­жи на при­ме­на­та на тех­ни­ки­те за би­о­ло­шки пот­по­мог­на­то оп­ло­ду­ва­ње, ка­ко и на­пред­на­та­та во­зраст. По­стои та­ков про­то­кол во мо­мен­тов и тој се зас­но­ва на ме­ди­ци­на ба­зи­ра­на на до­ка­зи во ко­и­што по­сто­јат јас­ни ин­ди­ка­ции ко­га би тре­ба­ло да се на­пра­ви цар­ски рез. Тие ги де­ли­ме на ап­со­лут­ни и на ре­ла­тив­ни ин­ди­ка­ции за цар­ски рез.

Да­ли по­ро­ду­ва­ње­то со цар­ски­от рез бе­ше до­се­га зло­у­по­тре­бу­ва­но, од­нос­но се вр­ше­ло опе­ра­ци­ја и ко­га не­ма­ло ин­ди­ка­ции де­ка е по­треб­но?

ХА­ЏИ-ЛЕ­ГА: Оп­што е поз­на­то и сту­ди­и­те по­ка­жу­ва­ат де­ка мор­та­ли­те­тот кај мај­ки­те и комп­ли­ка­ци­и­те по по­ро­ду­ва­ње со цар­ски рез се мно­гу по­го­ле­ми во од­нос на при­род­но­то по­ро­ду­ва­ње. Во од­нос на зло­у­по­тре­ба­та, до­се­га на Кли­ни­ка­та би­ле по­чи­ту­ва­ни про­то­ко­ли­те. За­тоа, да по­вто­рам, мно­гу е важ­на пси­хич­ка­та под­го­то­вка на труд­ни­ци­те во те­кот на бре­ме­но­ста, па ду­ри и пред за­бре­ме­ну­ва­ње­то.

Не­о­дам­на се вра­ти­вте од Ја­по­ни­ја, ка­де што бе­вте на тре­нинг за ме­на­џи­ра­ње бол­ни­ци. Ка­кво искус­тво но­си­те от­та­му и што има­те да им пре­не­се­те на ко­ле­ги­те?

ХА­ЏИ-ЛЕ­ГА: Бла­го­да­ре­ние на ја­пон­ска­та Аген­ци­ја за ме­ѓу­на­род­на со­ра­бо­тка во со­ра­бо­тка со Вла­да­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја имав мож­ност да пре­сто­ју­вам на про­ект, од­нос­но тре­нинг за ме­на­џи­ра­ње бол­ни­ци пре­ку пра­ктич­на и те­о­рет­ска на­ста­ва ко­ја се из­ве­ду­ва­ше во бол­ни­ца­та „Сент Ме­ри“ во Ку­ру­ме. Та­му се трг­ну­ва од ус­пеш­но­ста на ме­на­џи­ра­ње­то на „То­јо­та“. Тоа е та­ка­на­ре­че­на фи­ло­зо­фи­ја на ме­на­џи­ра­ње на „То­јо­та“, во ко­ја е мош­не бит­но тим­ско­то при­ста­пу­ва­ње во ре­ша­ва­ње­то на проб­ле­ми­те во ед­на ин­сти­ту­ци­ја. Тим­ски, за­ед­нич­ки има­ат ед­на единс­тве­на цел – по­до­бру­ва­ње на ни­во­то на здрав­стве­на­та за­шти­та кон­крет­но во таа бол­ни­ца и во­оп­што во си­сте­мот на ја­пон­ско­то здрав­ство. Дел од оваа обу­ка мо­же да би­де при­ме­не­та и кај нас. Ја­по­ни­ја, се­пак, има по­и­на­ква кул­ту­ра и тра­ди­ци­ја. Та­му по­стои за­ем­но по­чи­ту­ва­ње на ја­пон­ски­от на­род. Цел­та е единс­тве­на – за­ед­нич­ки мо­же да се ус­пее и да се оди на­пред.

Целото интервју може да го погледнете и на следниов линк.

 

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top