| четврток, 6 декември 2018 |

Порошенко: Украина за одбрана троши речиси 4 милијарди долари

поро

Украина троши за одбрана над 90 милијарди гривни, околу 3,8 милијарди долари – изјави денеска украинскиот претседател Петро Порошенко, јави ТАСС.

– Околу 25 проценти од индустрискиот потенцијал на земјата не работи, а 10 проценти од претпријатијата се физички уништени. Трошоците за одбрана денеска се над 90 милијарди гривни, но земјата наоѓа сили да ги обезбеди. Додека се води војна во Украина нема да дојдат инвестиции, а на луѓето треба да се кажува вистината – изјави претседателот во интервју за украинскиот Прв канал.

Претходно украинскиот министер за финансии Наталија Јареско изјави дека во 2015 година Киев планира да оддели за одбрана 5,2 проценти од БДП. Во 2014 година воениот буџет на Украина изнесуваше 1,25 проценти од БДП на земјата, јави ТАСС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top