Групата „Исламска држава“ е во процес на создавање на сопствена социјална мрежа, која се нарекува „Килафахбук“, пишува весникот „Кориере дела сера“.
Целта е на мрежата да се регистрираат следбеници на групата, кои досега имале профили на други социјални мрежи како „Твитер“, „Фејсбук“ или канали на „ЈуТјуб“. Според податоци на аналитичката компанија „Џеј Ем Бургер“ ИД поседува 45.000 профили само на „Твитер“.
Името на новата социјална мрежа на ИД потсетува на „Фејсбук“, каде првиот дел доаѓа од арапскиот збор „килафах“, што значи „халифат“.
На почетната страница на мрежата има пропагандна порака, во која нејзините основачи објаснуваат дека им се допаѓа да умрат како маченици, исто тако што на други луѓе им се допаѓа да живеат.
Доменот на социјалната мрежа е регистриран во Египет на име на Абу Мусаб, кој тврди дека е жител на ирачката провинција Мосул, која е упориште на ИД.
Обидот на италијанските новинари да отворат профил на мрежата бил неуспешен, што може да значи дека мрежата се уште не е активна или била цел на хакерски напад.
ИД веќе има радио, телевизија и списанија на англиски и на француски јазик, наведува весникот „Кориере дела сера“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто
-
ИД ја презеде одговорноста за нападот во лондонското метро