| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот на Еврогрупата повика Грција да престане да губи време во преговорите

грција

Напредокот во реформите, поврзани со спасувачката програма за Грција е премногу бавен, предупреди претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум, повикувајќи преговорите да почна сериозно што е можно побрзо, јави ДПА.

– Подготвени сме да ги поддржиме на основа на иден напредок во спасувачката програма. Сега изгледа губиме време – изјави Дејселблум денеска пред почетокот на средбата на министрите за финансии на земјите од еврозоната.

Од последната седница на Еврогрупата е постигнато малку од гледна точка на нови преговори, од гледна точка на спроведување. Треба да престанеме да губиме време и да почнеме сериозно да преговараме, нагласи тој.

Европската помош од спасувачката програма за Грција е продолжена само за четири месеци и времето истекува, предупреди Дејселблум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top