| четврток, 6 декември 2018 |

Фифи ќе се обиде и на „Идол“: Ќе пеам во финале во знамето на ЛГБТ

Xfactor koncert skopje press (2) (Custom)

Македонскиот трансексуалец Филип Јаневски Фифи, кого балканската јавност најдобро го запозна преку учеството во првата сезона на „Икс-фактор“, ќе се пријави на уште едно музичко натпреварување. Следна цел на Фифи е шведскиот „Идол“, кој наскоро ќе почне со своите аудиции.

Фифи сѐ уште ја избира песната со која ќе се претстави, но не се двоуми што би пеела во финалето

„Beautiful“ на Кристина Агилера ќе ја пеам во финалето кога ќе излезам облечена во знамето на ЛГБТ – вели Фифи.

Фифи бвеќе некое време е во Шведска, каде што го почна процесот за промена на полот.

Докторките кои ги запознав се предобри и ќе бидат покрај мене низ целиот мој процес. Пресреќна сум. За мене излезе комплицирано да ги почнам терапиите во Македонија, мораше нонстоп во Белград да се оди и многу други глупости, бидејќи кај нас нели нема професионалци за тоа. Е тука е сосема поразлично – изјави Фифи неодамна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top