| четврток, 6 декември 2018 |

Во Дубровник на туристите ќе им се продава чист воздух во шише

dubrovnik

Шише со чист воздух од Дубровник би можело да се најде на продажба од летото 2016 година, во пакување од еден и пол литар и за четири пати поскап од пакуваната вода, пишува „Слободна Далмација“.

Шишињата ќе бидат наполнети со чист воздух, барем додека сопственикот не ја наполни со вода од Дубровник, која, според најавите, ќе биде поздрава и почиста од таа што денес може да се купи во продавниците.

Водата ќе биде од локалниот извор Омбле, на кој, според идејата на поранешниот градоначалник на Дубровник Андра Влахушиќ, ќе биде отворен Музеј на вода.

Ѕидините на Дубровник минатата година ги посетиле 900.000 туристи, главно со крузери и сите во рацете носеле шише со вода.

Но, пред да биде реализирана оваа идеја, на потег е градското претпријатие „Водовод Дубровник“, кое работи на проектот на прочистување на водата со капацитет од 490 литри во секунда.

Вредноста на проектот е околу 50 милиони куни или 6,5 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top