Денвер нагетс сигурно чекори на победничките патеки што ги трасираше Мајами и ја забележа 13. победа во низа откако нагости ја победи Оклахома со 114-104. Мајами е главен хит во НБА со 23 успеси едноподруго, а од вчера заедно со Денвер испиша нова страница во историјата на НБА. Досега никогаш не се случило две екипи истовремено да имаат серии од најмалку 13 победи.
На Оклахома не ѝ помогна ниту извонредната партија на Кевин Дурант со 34 поени и на Расел Вестбрук, кој даде 25 поени. Денвер одигра тимски, а момент на мечот беше рампата на Кевин Фарид во дуелот со Вестбрук.
Победа по цели 48 месеци против Лос Анџелес клиперс забележи Сакраменто кингс. Домаќините надоместија негатива од 8 поени во последната четвртина и славеа со 116-101.
Резултати: Оклахома – Денвер 104-114, Сакраменто – ЛА Клиперс 116-101, Индијана – Орландо 95-73, Милвоки – Портланд 102-95.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.