Каков имот може да се купи во светот со 1 милион долари зависи многу од државата и од градот. Според последното истражување на „Knight – Frank“, еден милиони долари се доволни за само 17 квадратни метри во Монако, најскапиот пазар на имот за квадратен метар во светот.
На второ место се наоѓа Хонг Конг со 20 квадратни метри, а на трето Лондон со 21 квадратен метар. На последно место во топ 20 се Кејптаун и Дубаи, каде што износот стигнува за 204 квадратни и 145 квадратни метри.
По раст на цените на прво место е Њујорк, каде што цените скокнале за 18% во 2014 година. На второ место по раст е Аспен, Колорадо со 16%. Со над 5% зголемување има на Бали, Истанбул и Абу Даби.
Речиси насекаде во Европа се забележува опаѓање, вклучувајќи ги луксузните дестинации како Сент Мориц (Швајцарија), Кап Фере (Франција) и Милано.
Градските пазари продолжуваат да се претставуваат подобро, од пазарите на куќи за одмор на море и ски-центрите.
Еве колку квадратни метри луксузен имот може да се купи со 1 милион долари во светот:
1. Монако – со 1 милион долари можете да купите 17 квадратни метри
2. Хонг Конг – со 1 милион долари можете да купите 20 квадартни метри
3. Лондон – со 1 милион долари можете да купите 21 квадратен метар
4. Њујорк – со 1 милион долари можете да купите 34 квадратни метри
5. Сингапур – со 1 милион долари можете да купите 39 квадратни метри
6. Женева – со 1 милион долари можете да купите 39 квадратни метри
7 . Сиднеј – со 1 милион долари можете да купите 41 квадратен метар
8. Шангај – со 1 милион долари можете да купите 48 квадратни метри
9. Париз – со 1 милион долари можете да купите 50 квадратни метри
10. Лос Анџелес – со 1 милион долари можете да купите 57 квадратни метри
11. Мајами – со 1 милион долари можете да купите 59 квадартни метри
12. Пекинг – со 1 милион долари можете да купите 61 квадратни метри
13 . Рим – со 1 милион долари можете да купите 68 квадартни метри
14. Москва – со 1 милион долари можете да купите 79 квадратни метри
15. Истанбул – со 1 милион долари можете да купите 84 квадратни метри
16. Токио – со 1 милион долари можете да купите 86 квадратни метри
17. Мумбаи – со 1 милион долари можете да купите 96 квадратни метри
18. Сао Пауло – со 1 милион долари можете да купите 142 квадратни метри
19. Дубаи – со 1 милион долари можете да купите 145 квадратни метри
20. Кејптаун – со 1 милион долари можете да купите 204 квадратни метри
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.