Џихадистите од Исламска држава убија 20 луѓе, кои планирале да се борат против нив во северната ирачка провинција Киркук, соопштија денеска ирачките власти.
Убиството на 20 мажи, кои планирале да се придружат на антиџихадистичките парамилитарни сили, познати како единица „Популарна мобилизација“, се случи во градот Хавиџ.
Сè уште не е потврдена автентичноста на фотографијата на која се гледаат 20 обесени мажи, како и знаме и лого на ИД. ИД минатиот јуни зазеде големи делови на Ирак, северно и западно од Багдад, вклучително и провинцијата Кирку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија