| четврток, 6 декември 2018 |

Тане Димовски – татко на породилно отсуство

Кога на свет доаѓа бебе, вообичаено мајката, откако ќе се породи, останува дома на породилното отсуство за да се грижи за новороденчето. Меѓутоа, доколку таа од различни причини не го користи ова право, тоа може да го стори таткото. 

Тане Димовски, вработен во секторот за односи со јавноста во Агенцијата за млади и спорт, го направи овој чекор и, како што вели, иако на моменти се чувствува необично, секој ден му е исполнет и убав, пишува „Нова Македонија“.

Кога јавно соопштил за својата одлука, Тане не поминал лесно. Задевањата од страна на колегите и на пријателите биле составен дел од неговото секојдневие.

– Во почетокот чувствував некаква трема, страв, се прашував како ќе реагираат другите, како јас ќе се снајдам. Ама од тоа чувство веќе нема ништо. Не се чувствувам загрозено. Се разбира дека имаше и многубројни шеги на моја сметка од колегите на работа. Ми велеа: „Еве го тој што ќе менува пелени“, „Еве го тој што ќе дои бебе“. Кога ќе сакав нешто да кажам, на шега ме прекинуваа: „Ти нема што да кажеш“. Многу ми се драги, имаат разбирање, ама разбирливо е и што се шегуваат – вели Димовски.
За него најтешкиот дел досега било вадењето на потребната документација, оти и за јавните службеници не е вообичаено маж да зема породилно отсуство. (повеќе на „Нова Македонија“).

Инаку, поранешниот кошаркар на јавноста најмногу и е познат по неговиот предлог за брак на скопскиот плоштад, за кој дозна цела Македонија. Тане дошол во Скопје директно од Мајами за да ја запроси својата сакана Даниела.

На големиот видео бим на плоштадот „Македонија“, прво бил пуштен видео записот од омилената песна на Даниела. Веднаш потоа се појави ликот на Тане со позадина од Мајами. Со убава порака тој изразил љубов за својата сакана, за веднаш потоа да се појави на пајтон на скопскиот плоштад, каде ја побарал за сопруга својата сакана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top