Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев на денешната собраниска седница ги повика пратениците од СДСМ да ја подржат иницијативата подржана и потпишана од 270 мајки, која се однесува на измената на законот за работни односи во делот на продолжување на породилното отсутво од 9 на 18 месеци.
– Една од дилемите драги пратеници е, дали зборуваме за формата на иницијативата или потребата од неа. Некој заради формата на иницијативата која е поднесена, сака да ја оспори очигледната потребата од продолжување на времетраењето на породилното отсутво, истакна Ѓорчев и додаде:
– Очигледно е дека кога сте опозиција, имате друга диоптрија за потребите на граѓаните, и тогаш ветувавте се и сешто на секого, но сега кога имаат иницијатива од страна на мајките кои се засегнати, гледаме дека негативно се изјаснува СДСМ, односно не ја подржува иницијативата. Дури и вашиот пратеник Павле Богоевски, пред некое време, самиот посочи дека иницијативата е коректна и треба да се подржи.
Пред еден месец, додаде Ѓорчев, беше прифатливо тоа што го потпишале 270 жени, а сега за новата влада и за парламентарното мнозинство иницијативата е формално-правно неуредна и не прифатлива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вкупно 211 татковци од Македонија биле на породилно за шест години
-
Влатко Ѓорчев: Ова е почеток на борбата за Македонија, утре во 18 часот пред Кривичниот суд
-
Ѓорчев во Виена: Средби со високи претставници од Австрија и САД
-
Ѓорчев: Вчера ни се случија нерегуларни и насилнички избори, а за тоа има фото и видео докази