Руската убавица и модел Ирина Шајк во интервју за шпанскиот магазин „Хола“ ја објасни причината за раскинувањето на љубовната врска со Кристијано Роналдо. Според неа популарниот ЦР7 имал премногу „излети“ со други девојки што доведе до раскин на петгодишната врска.
„Љубов е кога ќе делите исти работи и погледи. И кога верувате во моногамија. Жената не се чувствува сигурно со погрешен маж. А јас долго време се чуствував несигурно. Мислев дека го најдов идеалнио човек за мене, но не беше така“, вели Шајк.
Бразилскиот модел Андрес Урах тврдеше дека Кристијано постојано е гостин во нејзиниот кревет и тоа во текот на петгодишната врска на Португалецот со Ирина Шајк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



