Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за 2,5 денари, додека на дизелот и екстра-лесното масло за домаќинство за половина денар.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, еуросупер БС-95 ќе се продава по 67,50 денари за литар, а малопродажната цена на еуросупер БС-98 ќе изнесува 69,50 денари.
Малопродажната цена на еуродизелот ќе изнесува 55,50 денари за литар, а на екстра-лесно масло за домаќинство 44 денари.
Се зголемува и малопродажната цена на мазутот и ќе изнесува 26,9 денари за килограм.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 60,4 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 54,7 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



