Пациентите во Хрватска речиси истовремено закажуваат смимање во повеќе болници, а кога ќе дојдат на ред во една здравствена установа, закажаните снимања во другите болници не ги откажуваат, пишува „Здравство 24“. Ваквата практика предизвика во Хрватска да постојат долги листи на чекање. На пример, за ехо на срце во болницата „Сестри на милосрдието“ се чекало повеќе од 100 дена, па морало да се воведат попладневна смена за да се намали чекањето на 40 дена, анализира телевизијата РТЛ. Во Македонија за истата здравствена услуга се чека 10 дена.
За магнетна резонанца во Хрватска се закажувале снимања дури за 2017 година, но кога била направена ревизија на листата со телефонски јавувања на пациентите се покажало дека листата на чекање е до септември годинава. Кај нас за магнетна резонанца се чека 11 дена.
За да го разреши проблемот истовремено закажување за преглед или снимање во повеќе болници од оваа лето Хрватска планира да воведе електронско упатување на пациентите, нешто што Македонија го почна во ноември 2011 година. Тогаш кај нас почна електронско закажување и упатување само кон три апарати: компјутерски томограф, магнетна резонанција и мамографија.
Според информациите од Министерството за здравство, тогаш само со еден месец спроведување на овој проект листите на чекање од 18 месеци биле симнати на една недела.
Од македонското Министерство за здравство велат дека создавањето на упатите е целосно контролиран процес.
– Од тогаш, па до ден денес не можат да се издадат два упата кон иста специјалност или апарат, што овозможува огромна транспарентност на листите. Сите пациенти се реални и нивните податоци се преземаат директно од Фондот за здравствено осигурување – објаснуваат од Министрството.
Инаку, претходно и кај нас имаше нетранспарентни листи, непостојни пациенти или пациенти што фигурираат во повеќе здравствени установи за една иста услуга.
За разлика од Хрватска, во Македонија, според податоците од Мој термин, моментните времиња на чекања се следниве:
-За магнета резонанца се чека 11 дена (УК за радиологија и болницата св. Наум Охридски)
-Компјутерска томографија – Во Струмица уште за денес 9.3 има термин, а за во Скопје се чека 11 дена.
-Ехо на срце -до 10 дена во (Битола,Тетово, Штип, Прилеп, Охрид, Велес, Кратово, Гевгелија, Струга, Ресен) , а од 10 до 25 дена се чека во (Скопје, Куманово, Кочани и Струмица).
Од лани се воведени и електронски закажувања за сите хируршки интервенции, односно сето тоа што се водеше нетранспаренто во дневник. Сега и операциите се водат во Мој термин, надлежните уверуваат дека и тука серизоно е намалена листата на чекање за катаракти или на дигестивна хирургија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филипче се грижи за граѓаните, ама не знае како да стигнат до клиника!
-
Нов скандал во здравството: Отпадна најквалификуваната сестра, прва на листа, а се вработи последната
-
Панчо лут по приемот на Инфективна: Ако немаш врски на лекар, Господ нека ти е на помош!
-
Лекарите се налутија: Не го прифаќаат зголемувањето од 5 отсто