| четврток, 6 декември 2018 |

Нов трипл-дабл, Вестбрук си поигрува со бројките и противниците

Расел Вестбрук игра кошарка за учебниците и по петти пат во последните шест натпревари прокнижи трипл-дабл учинок. Ноќеска олстар-бекот ја предеводеше Оклахома до победа од 108-104 против Торонто, со 30 поени, 17 асистенции и 11 скока. Сезонава Вестбрук има 7 трипл-дабл остварувања или речиси половина реализирани во кариерата (15).

– Расел игра неверојатна кошарека во моментов. Незапирлив е и речиси сам го носи тимот до победи – изјави Кајл Лаури од Торонто.

Веројатно во феноменалните партии што ги прикажува Вестбрук му помага фактот што Кевин Дурент е повреден, па тој има повеќе простор за игра и почесто шутира кон кошот.

vestbruk

Резултати: Сан Антонио – Чикаго 116-105, Голден стејт – Лос Анџелес клиперс 106-98, Бруклин – Јута 88-95, Детроит – Шарлот 101-108, Орландо – Бостон 103-98, Оклахома – Торонто 108-104, Лос Анџелес лејкерс – Далас 93-100.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top