Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос предупреди на можноста од масовен прилив на бегалци во Европа поради „економскиот ќор-сокак“ меѓу Атина и другиот дел од еврозоната, јави ДПА.
– Доколку тие ѝ нанесат удар на Грција, тогаш треба да бидат свесни дека имигрантите ќе добијат документи за патување и ќе се насочат кон Берлин – изјави синоќа Каменос на состанокот на неговата крајнодесничарска партија Независни Грци, која е коалициски партнер во Владата на радикалната левица СИРИЗА.
Каменос истакна дека доколку меѓу бегалците има борци на групацијата Исламска држава, тогаш Европа самата ќе биде одговорна, поради нејзиниот став по прашањето за грчкиот долг и реформи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција