Во неверојатни 94 отсто од случаите на силување во Индија, силувачот е некој кого жртвата многу добро го познава, а бројот на жени кои ги силувал сопругот е дури 40 отсто поголем од жените кои ги силувале непознати.
– Тешко е да се ограничи силувањето во бракот ако тоа не се казнува, односно ако тоа воопшто не се смета за забрането. Факт е дека во Индија е легално – изјави обвинителката во Врховниот суд, Каруна Нунди.
Најголем проблем е недостатокот на сексуална едукација. Во Индија скоро и да не постои секс од задоволство и секс чија цел е создавање потомство. Една од обврските на жената е таа секогаш да сака секс со својот сопруг.
Во шест земји во светот не се признава силување во брак. Тоа се Индија, Сингапур, Палестина, Малта, Либан и Бахами.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.