Помина една година откако авионот на „Малезија ерлајнс“ од летот МН370 на релација Куала Лумпур – Пекинг исчезна без трага, заедно со 239 патници и членови на екипажот. Долгата и повеќемесечна потрага што ја водеа властите на три земји – Австралија, Малезија и Кина не даде никакви резултати, а од авионот не беше пронајден никаков остаток. Неговото исчезнување стана една од најголемите мистерии во авионските несреќи.
Малезискиот премиер Наиб Разак рече дека, иако досега потрагата не дала резултати, и понатаму се решени да го пронајдат авионот и додаде дека сe` уште има надеж за мистеријата да биде решена.
Семејствата на 239-те патници и членови на екипажот од исчезнатиот авион денеска одбележаа една година од исчезнувањето на леталото, со ветување дека никогаш нема да се откажат од потрагата по остатоците и добивање одговор на прашањето што се случи со нивните најблиски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.