Изградбата на автопатот Кичево – Охрид се одвива според планираното и досега се пробиени 25 отсто од трасата која е со вкупна должина од 60 километри.
Ова го истакна премиерот Никола Груевски во одговор на прашање по пуштањето во употреба на спортската сала во ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“ во Пласница.
Тој нагласи дека целиот износ на инвестицијата за изградба на овој дел од автопатот изнесува 374 милиони евра и додаде дека работите досега се одвиваат според утврдениот план.
– Важно е да се истакне дека од вкупно 670 работници кои работат за изградба на автопатот 600 се од македонски компании и нивниот број ќе се зголемува и во иднина. Веќе почнаа и активностите за пробивање на тунелот Пресека кој ќе биде околу два километри – истакна Груевски.
Најави дека во април годинава ќе се објави јавен повик за прибирање понуди за концесии за делот на автопатот меѓу Кичево и Гостивар.
– Веќе имаме најава од една компанија дека и се прифатливи условите под кои планираме да ја објавиме концесијата. Верувам дека овој пат ќе имаме успешен оглас и дека ќе имаме компанија која ќе дојде и инвестира и со тоа целосно ќе го заокружиме Коридорот 8 во делот на автопатски решенија – потенцира Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.