Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер повика денеска на формирање војска на ЕУ во знак на зголемените тензии со Русија.
Тој во интервју за германскиот весник „Велт ам зонтаг“ истакна дека таква војска би можела да помогне во борбата против нови закани надвор од границите на европскиот блок и да ги одбрани „европските вредности“.
– Не би се создавала европска војска за веднаш да се користи. Но, заедничката војска меѓу Европејците ќе и испрати порака на Русија дека сме сериозни во одбраната на вредностите на ЕУ, нагласи Јункер.
Според него, заедничката војска на ЕУ, исто така, ќе води кон поефикасна потрошувачка на воената опрема и натамошна интеграција на 28-те земји членки.
– Таква војска би помогнала за креирање заедничка надворешна и безбедносна политика, нагласи поранешниот премиер на Луксембург, додавајќи дека оваа воена сила нема да ја оспори одбранбената улога на НАТО.
Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лејен минатиот месец изјави дека е уверена оти „можеби нема нејзините деца, но нејзините внуци ќе имаат Обединети држави на Европа со своја војска“.
Претседателот на Надворешнополитичкиот одбор на германскиот Парламент Норберт Ретген оцени дека „војска на ЕУ е европска визија чие време е пристигнато“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јункер напаѓа повторно: Кафен чевел за левата, црн за десната нога (видео)
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста
-
Барам почитувањe: Јункер се пожали дека имал проблем со ишијасот, не со пиењето!
-
Јункер: Треба да ја исклучиме драмата од односите меѓу ЕУ и САД



