Најскапиот фудбалер во историјата на Премиер лигата Аргентиценот Анхел Ди Марија (60 милиони фунти) ќе мора да си бара нов клуб во летниот преоден рок.
Управата на Манчестер Јунајтед ќе се обиде ова лето да го продаде играчот за кој се сметаше дека ќе биде тој што ќе треба да ја носи играта на црвените ѓаволи оваа сезона. Сепак по добриот старт на сезоната, Ди Марија е бледа сенка на неговите игри од Реал Мадрид и аргентиската фудбалска репрезентација на светското првенство во Бразил.
Црвените ѓаволи“ се надеваат дека летово ПСЖ повторно ќе биде заинтересиран и ќе можат да го продадат Аргентинецот за приближно иста сума, која што му ја платија на Реал Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.