Полицијата во Саудиска Арабија уапси 18 шпиони кои ги обвини дека работеле за странски држави.
Портпаролот на тамошното Министерство за внатрешни работи соопшти дека уапсените биле дел од шпионска мрежа и собирале доверливи информации за друга држава, но не кажа за која.
– Шеснаесет Саудијци, Иранец и Либанец се уапсени во координирана акција во четири региони во земјата вклучувајќи ја и престолнината и светиот град Мека – соопштил портпаролот.
Шпионите собирале информации за витални објекти во земјата и давале податоци на разузнавачките агенции на државите за кои работеле.
Односите меѓу Саудиска Арабија и Иран се нарушени по револуцијата во 1979 година. Сунитската Саудиска Арабија и шиитскиот Иран се сметаат за заштитници на двата главни исламски правци, а раздорот се зголеми годинава кога Саудијска Арабија испрати војска во Бахреин да помогне во кршење на отпорот на шиитските демонстранти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.