Бракот може да биде преубав. Тоа значи дека сте ја пронашле личноста со која сакате да го поминете остатокот од животот.
Но колку и да сте сигурни дека ја познавате личноста со која сте одлучиле да направите таков голем чекор, некои работи во бракот сепак можат да ве изненадат. Ова се неколку важни правила кои ги откриваат брачните експерти од целиот свет.
– Не мора ништо да се промени по венчавката. Ако сте во вистински однос и сте се венчале за вистинската личност, единствена работа која треба да ја смените е можеби вашето презиме и поштенското сандаче.
– Реченицата „во болест и во здравје“ ќе дојде до израз повеќе отколку што мислите, кога морате да поминете низ тежок мамурлак или кога тој вам мора да ви помогне да преживеете тежок PMS. Тоа е љубов
– Бидете пријатели, а не кловнови еден пред друг, уживајте во она што и двајцата го правите во секојдневието.
– Бракот не е досаден. Бидете често изненадени кога вашиот маж ќе ве изненади со нов зготвен ручек, некој интересен филм кој го спуштил од интернет или пак ви предложува заедно да спортувате и да пешачите за викендот.
– Знајте дека вие не се венчавате само за вас, туку и за фамилијата на вашиот партнер. Почитувајте ги и немојте постојано да ги критикувате.
– Немојте сè да сфаќате премногу сериознo. Тоа доведува до расправии.
– Расправиите треба да ви бидат чисти, а сексот „валкан“.
– Дури кога ќе сфатите дека вашиот партнер има мали интересни навики, како утринско пеење или пак јадење пред компјутер, тогаш ќе започнете да го сакате.
– Морате еден на друг да се оставите насамо со пријателите понекогаш инаку вашиот брак е осуден на пропаст.
Извор: Попара.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
После разводот од тенисерот актерката се омажи за милијардер, а на венчавката се појави со предлабоко деколте
-
И принцезата Дајана ќе биде дел од венчавката: Еве како Хари ќе ја донесе мајка му на свадбата
-
На свадбата на принцот Хари ќе настапи оперската пејачка Елин Манахан Томас што пееше пред 15 години во дворот на „Свети Пантелејмон“
-
Расте бројот на склучени бракови: Лани имало повеќе венчавки од разводи!