Луѓето различно поднесуваат алкохол (некој се држи до еден пијалак, друг може да испие количество на завидно ниво), но едно истражување што го пренесе Хафингтон пост покажа дека бројката на пријатели што се со вас додека сте излезени, може да влијае на количеството алкохол што го консумирате.
Ова истражување првично објавено во изданието Адикшн, покажа дека бројката на пијачки што ја консумира еден човек се зголемува како што се зголемува бројката на пријатели со кои сте излезени.
Ова истражување било спроведено над испитаници што доаѓаат од Швајцарија, кои прашалникот го одговарале преку своите смартфони додека биле излезени.
Тие бележеле податоци од важност за истражувањето на секој час.
Од нив било побарано да ја испратат бројката на пијалаци што ја консумирале и бројот на пријатели што биле присутни додека биле излезени.
Ова инаку е едно од првите истражувања кои се спроведени врз основ на податоци добиени во реално време, односно од реални ситуации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.