| четврток, 6 декември 2018 |

Јанакиески со факти го замолчи Локвенец: Во 2007 во Прилеп имаше 24.900 невработени, сега има 9.700 помалку

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, вечерва преку својот ФБ профил одговори на обвинувањата на Хари Локвенец од СДСМ и преку конкретни реализирани проекти стави до знаење што има направено ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп изминативе години, а што не направила партијата на Локвенец кога имала можност да го стори тоа.

500janakieski-g_1

– Преку многу лобирање успеавме да ја доведеме фабриката Гентерм која ќе вработи околу 2000 Прилепчани. Оваа Влада го донесе број еден производителот на цигари – Филип Морис во Тутунскиот комбинат.  Којa странска компанија се отвори во Ваше време?, Јанакиески го прашува Локвенец.

Министерот за транспорт и врски потенцира дека во споредба со 2007 година, откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт се вработиле 9.700 жители и невработеноста е значително намалена.

– Во 2007 во АВРМ во Прилеп имаше регистрирано 24 900 невработени, сега 2015 година има 15 200 невработени или 9700 жители се вработиле преку мерките овозможени од Владата на ВМРО ДПМНЕ. Преку проектот за самовработување во Прилеп доделени се грантови за отворење на 580 бизниси, преку кредити за самовработување отворени се 740 бизниси, а преку мерката субвенции за вработување отворени се 420 бизниси.  Колку ја намаливте невработеноста Вие?, прашува Јанакиески.

Јанакиески потенцира дека граѓаните најдобро знаат дали некој со сила ги натерал да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија или пак гласаа за тоа што ВМРО-ДПМНЕ на терен спроведува политики и прави дела за кои што самите граѓаните веруваат и го даваат легитимитетот на партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top