– Оваа Влада им обезбеди субвенции по едно 1 евро на тутунопроизводителите или 100 милиони евра субвенции за Прилепчани изминатиов период.
Колку субвенции им обезбедивте Вие?
– Го решивме проблемот со водоснабдувањето во Прилеп и воспоставивме алтернативни извори за вода за да може градот да има вода за пиење и во најголемата криза.
Зошто тоа не го направивете десетина години Вие?
– Се инвестираат 20 милиони евра за изградба на канализациона мрежа и пречистителна станица во вредност од 20 милиони евра. Исто така преку Европската инвестициска банка се обезбедија пари за изградба на канализациона мрежа за с. Канатларци и Големо Коњари.
Колку инвестиравте во комуналната инфраструктура Вие?
– Преку многу лобирање успеавме да ја доведеме фабриката Гентерм која ќе вработи околу 2000 Прилепчани. Оваа Влада го донесе број еден производителот на цигари – Филип Морис во Тутунскиот комбинат.
Којa странска компанија се отвори во Ваше време?
– Преку продажба на земјиште изградена е прва катна гаража а во моментов се гради трговски центар каде ќе се вработат над 50 лица. Исто така изградена е и нова автобуска станица и нова бензинска пумпа.
Кои инвестиции ги донесовте во Прилеп Вие?
– Ја изградивме третата лента на Плетвар и влезот во Прилеп.
– Годинава ќе започне да се гради и експересн пат од Градско до Прилеп инвестиција од 70 милиони евра.
Изградивме 11 локални патни правци со вкупна должина од 30,77 км и вкупна инвестиција од 140,4 милиони денари.
– локален пат с. Лопатица – с. Подмол инвестиција од 14,милиони денари
– локален пат Р-115 – с. Веселчани инвестиција од 7 милиони денари
– Локален пат Р-109 – с. Бонче инвестиција од 16 милиони денари
– локален пат Р-106 – с. Радобил должина од 4.50 км и инвестиција од 19,5 милиони денари
– локален пат Р-109 – с. Штавица должина од 1.01 км и инвестиција од 4,8 милиони денари
– Локален пат Р-109 – с. Дуње должина од 3.15 км и инвестиција од 11,9 милиони денари
– локален пат ЛП-13 – Манастир Селце должина од 2.19 км и инвестиција од 8,4милиони денари
– локални пат с.Алинци – с.Шелеверци должина од 2,41 км и вкупна инвестиција од 16,7 милиони денари
– локален пат с. Клепач – с. Ерековци должина од 2.56 км и инвестиција од 16 милиони денари
– локален пат с. Беровци – с. Галичани должина од 1.15 км и инвестиција од 5 милиони денари
Оваа година ќе се градат локалните патишта:
– Прилеп – Маркова Чешма во должина од 1,41км вредност од 12,1 милион денари
– Локален пат с. Лениште – Манастир Св. Петка во должина од 0,88км со вредност од 6,6 милион денари
Завршени се регионалните патишта:
– Прилеп – Кривогаштани со должина од 18,80 км, вредност 141 милион денари
– Прилеп – Македонски Брод со должина од 37 км, вредност 282 милион денари
– во текот на 2013 година е извршена санација на една коловозна лента на магистралниот пат А1 на Плетвар во должина од околу 1,60 км со вкупна вредност од 6 милион денари.
– во текот на 2014 година се изврши надградба на магистралниот пат А1 делница, Плетвар – Фариш – Росоман во должина од околу 1,0 км со вкупна вредност од 6 милион денари.
– во текот на 2014 година се изврши надградба на клучката на А3 влез во Прилеп кај споменикот на паднати борци-Могила со вкупна вредност од 2,8 милиони денари
– на регионалните патишта Прилеп – Кривогаштани – Крушево – Сладуево и Прилеп – Македонски Брод – Кичево во должина од 115 км се постави нова сообраќајна сигнализација и опрема. Инвестицијата е во вредност од 30 милиони денари
– Изграден е патот до манастирот Трескавец a а во финална фаза е изградбата на патот до манстирот Зрзе, проекти вредни околу 3 милиони евра
Колку инвестиции во патната инфраструктура имаше во Ваше време?
– Изградена е новата општинска зграда.
Сетете се во какви услови работеа вработените во Прилеп и каде доаѓаа граѓаните?
– Во моментов се градат 75 станови за социјалните семејства кои во јуни ќе им се обезбеди топол дом.
Колку социјални станови изградивте Вие?
– Обезбедивме компјутери и бесплатни учебници за сите основци и средношколци за подобро образование во Прилеп. Владата овозможи 1749 лаптопи и 6167 работни станици за учениците, 745 лаптопи за наставниците, 21 проектор, 15 милтифункционални и 25 обични принтери.
– Какви услови на учениците им обезбедивте Вие ?
– Изградивме три спортски сали, четвртата е во финална фаза.
Колку сали изградивте Вие?
– Направивме 21 санација на основни и средни училишта.
Какви и колку санации направивте Вие?
– Во Април ќе започне реконструкција на железничката станица во Прилеп. Оваа година ќе пристигнат и новите шест возови кои ќе ги користат и Прилепчани.
Што направивте за подобрување на железничката инфраструктура во Прилеп Вие?
– Ja реставриравме Саат Кулата, симболот на Прилеп a се градат и конаците на еден од најубавите манастири во Македонија.
Кои инвестиции во културата ги направитвте за Прилеп Вие?
– Реконструиран е Здравствениот дом инвестиција од 8 милиони денари. Комплетно е завршено реновирањето на одделението за превентива (врати, прозори, мебел). Во тек е постапка за набавка на 2 хематолошки бројачи за лабораторијата.
– Се реконструираше болницата во Прилеп, инвестиција вредна 35 милиони денари. Се набави нова медицинска опрема во вредност од околу 2 милиона евра. Наскоро ќе се реализира голема инвестиција во болницата во Прилеп се планира комплетна реконструкција на операционите сали и сите тоалети, како и промена на подови, инвестиција вредна 40 милиони денари.
Колку пари инвестиравте во здравствениот систем во Прилеп Вие?
– Во 2007 во АВРМ во Прилеп имаше регистрирано 24 900 невработени, сега 2015 година има 15 200 невработени или 9700 жители се вработиле преку мерките овозможени од Владата на ВМРО ДПМНЕ.
– Преку проектот за самовработување во Прилеп доделени се грантови за отворење на 580 бизниси, преку кредити за самовработување отворени се 740 бизниси, а преку мерката субвенции за вработување отворени се 420 бизниси.
Колку ја намаливте невработеноста Вие?
– За пензионерите во Прилеп, пензиите во просек се зголемија за 62 %, платите во администрацијата се зголемија за 24 %, просечната плата се зголеми речиси двојно а социјалната помош се зголеми за 47 %.
Колку ги зголемивте платите, пензиите и социјалните примања Вие?
– Преку процесот на легализација 8500 Прилепчани си ги легализираа своите домови.
Колку домови легализиравте Вие?
Почитуван Господин Локвенец, ете токму заради овие и други проекти кои ги реализиравме и се реализираат за градот Прилеп граѓаните даваат поддршка на ВМРО ДПМНЕ.
Еве зошто жителите на Прилеп даваат поддршка на сериозна политичка партија која од самиот почеток даде ветување дека ќе го подобри квалитетот на живот во Прилеп и тоа го стори. Јас заедно со ВМРО ДПМНЕ не застануваме тука, ќе работиме континуирано не само за Прилеп, туку граѓаните во цела држава да имаат подобри услови за живот, да имаат подобра инфраструктура, подобро здравство, квалитетно образование, ќе овозможиме поголем број на вработувања, повисоки социјални примања, поквалитетн живот на младите.
Граѓаните најдобро знаат дали некој со сила ги натерал да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија или пак гласаа за тоа што ВМРО-ДПМНЕ на терен спроведува политики и прави дела за кои што самите граѓаните веруваат и го даваат легитимитетот на партијата. Нека се запраша секој еден граѓанин, за што и за кој го дава својот глас, дали затоа што некој му правел притисок за да гласа или пак затоа што верува на опција која ветува, макотрпно работи и остварува она што го ветила.
“Ете ова е вистината за Прилеп, ова е вистината за Македонија”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Власта преку судот се изживува врз Јанакиески и Божиновски – тврди адвокатот Миланов!
-
Јанакиески и Божиновски во понеделник на јавна седница ќе бараат укинување на притворот
-
Јанакиески: Речните корита во поплавените региони ќе се чистат во летниот период
-
Јанакиески на консултации за вмрежување на земјите од регионот