Во рамки на денешната богата агенда, премиерот Никола Груевски имаше низа активности.
Премиерот Груевски ја посети фабриката Амфенол за производство на автоделови, а од менаџментот беше запознаен со начинот на работа.
Денеска тој официјално ја пушти во употреба локалната индустриска зона во Виница во која, како што кажа, веќе се продадени сите 11 парцели, а шест фабрики се во фаза на градба и нагласи дека Владата и во иднина ќе продолжи со поддршката која ја дава на општината за сите проекти кои, како што кажа, се во интерес на граѓаните, како и со реализација на сите владини проекти кои се од општо добро за целиот регион.
Премиерот беше во посета на кочанско каде го пушти во употреба патот до селото Бели и истакна дека Инвестирањето во изградбата на патиштата со цел подобрување на пристапноста и животот во руралните места низ Македонија се важен приоритет на Владата.
Исто така,тој изврши увид во градежните работи на пристапниот пат до браната Речани на Оризарска Река и за изградба на канализација во Кочани, а нагласи дека се очекува изградбата на браната да трае 30 месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски