Нови шест фабрики на Амфенол и вработување на вкупно 2.500 лица најави премиерот Никола Груевски по денешната средба со менаџментот на американската компанија во нивниот објект во Кочани.
-Во овој момент во компанијата работат 330 лица, до крајот на месецов ќе бидат 380, а до крајот на годинава 560. Но, најзначајно е што бев информиран дека Амфенол е многу задоволен од работењето во Македонија и во Кочани и дека планира да ги откупи сите шест локации во ТИРЗ Виница и да донесе шест свои дивизии и да вработи повеќе од тоа што го најавија претходно, рече премиерот Груевски одговарајќи на прашање по пуштањето во употреба на локалната индустриска зона во Виница.
Тој посочи дека во објектот на Амфенол во Кочани моментно работат две дивизии од кои едната е за сигнални уреди за автомобилската индустрија, а втората е за антени за базни станици за телекомуникациската индустрија. Прецизира дека на пресконференцијата во Скопје Амфенол најавил вкупно 1.800 вработувања во период од неколку години, а сега, како што рече, му кажале дека за истиот период планираат вработување на 2.500 лица.
-Нормално е да порасне и нивото на инвестицијата од првично планираните 16 на 20 до 25 милиони евра. Шесте дивизии, односно погони за различни производи ќе се стационираат во ТИРЗ Виница која е на тромеѓето помеѓу општините Виница, Кочани и Зрновци и која ќе апсорбира вработување од целиот регион, вклучувајќи ги и другите општини во близината, рече Груевски.
Потенцира дека во непосредна близина на Виница во локалната индустриска зона во која веќе се градат 11 фабрики ќе се вработат дополнителен број лица од Виница и околината. Како што истакна, Амфенол е глобална компанија со многу различни производи и капацитети на многу места, а таквите компании, посочи, влеваат доверба и кај други инвеститори.
-Верувам дека во Македонија ќе дојдат и други инвеститори кои добар глас за земјава чуле токму од Амфенол, истакна Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски