Во Египет денеска е погубен исламист поради убиство извршено за време на протест кон средината на 2013 година и тоа е прва смртна казна извршена над еден од приврзаниците на забранетата партија Муслимански браќа.
Египетското министерство за внатрешни работи на Фејсбук објави дека Махмуд Хасан Рамадан е обесен поради случајот во кој деца се фрлени од една зграда во 2013 година за време на протест против симнувањето од власт на исламистичкиот претседател Мохамед Морси.
Безбедносните сили соопштија дека Рамадан е радикален исламист, кој официјално не е член на Муслимански браќа.
Рамадан е погубен откако вишиот суд ја потврди првостепената пресуда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.