Премиерот Никола Груевски денеска официјално ја пушти во употреба локалната индустриска зона во Виница во која, како што кажа, веќе се продадени сите 11 парцели, а шест фабрики се во фаза на градба, пренесува МИА.
– Оваа зона заедно со ТИРЗ која Владата минатата година започна да ја гради помеѓу Виница, Зрновци и Кочани во голема мерка ќе придонесе за намалување на невработеноста и за заживување на економијата во Виница и во регионот, рече премиерот Груевски.
Тој посочи дека стратегиите и политиките на Владата за засилен економски развој и привлекување поголем број странски инвеститори продолжуваат со несмален интензитет и во сите полиња од значење.
– Верувам дека на зоната во Виница и претстои добра иднина, а со неа добра иднина ги очекува и регионот и сите домаќинства од градот и околината кои денеска, но и во иднина ќе имаат по некој член во семејството вработен токму во некоја од фабриките и стопанските комплекси во локалната индустриска зона Виница, потенцира премиерот Груевски.
Тој нагласи дека Владата и во иднина ќе продолжи со поддршката која ја дава на општината за сите проекти кои, како што кажа, се во интерес на граѓаните, како и со реализација на сите владини проекти кои се од општо добро за целиот регион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски




