Членките на НАТО разгледуваат можност за воена интервенција во Сирија, но до такво нешто нема да дојде се додека акцијата не биде одобрена од Советот за безбедност на ОН и ако не се согласат сите 28 членки на НАТО, изјави адмиралот на американската армија и врховен командант на НАТО Џејмс Ставридис.
Ставридис пред сенатскиот одбор рекол дека некои членки на НАТО разгледуваат стратегија за напад на сирискиот систем на воздушна одбрана која се покажала како успешна во Либија во 2011 година. Но, секоја интервенција би била по иста процедура како што беше применета во Либија, што значи задолжително да биде одобрена од Советот за безбедност на ОН и од членките на НАТО.
Разгледуваме широк спектар на операции и подготвени сме да се ангажираме како во Либија ако биде тоа побарано од нас, рекол Ставридис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа
-
Захарова: НАТО му ветил на Горбачов дека нема да се шири кон исток