Поранешниот претседател на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески демантира дека некогаш некој му вршел притисок и вели дека обвинувањата кои вчера ги изнесе СДСМ се невистинити.
-Никаква закана од ниеден политичар немам добиено во целото мое работење во ФФМ. Дали разговорите се вистинити ќе се докаже во институциите на државата. Јас претходно не сум имал закани ,не сум имал побарувања за карти бидејќи гратисите ни беа одредени преку одлука на Управен одбор . Така гратиси добиваа и во парламент и во Влада и во амбасадите како и поранешни спортисти, репрезентативци, селектори. Дополнително ако имало некакво барање сигурно дека ќе сме излезеле во пресрет. Јас на тој момент воопшто не се сеќавам бидејќи бил далеку. Има поминато многу време и многу натпревари, а закани и притосици сум немал никакви. Според она што што не сум имал никакви закани можам да кажам дека се сомемневам во веродостојноста на материјалите што ги пласираат од СДСМ -вели тој во изјава за „Курир“.
Хаџиристески неколкупати потенцира дека закани не му вршел никој и дека притисоци не примал за време на целото негово работење во ФФМ. За материјалите кои деновиве ги пласираат од СДСМ, ќе чека потврда од надлежните инстутуции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


