На 6 март 1902 година е формиран најдобриот клуб на светот, Реал Мадрид.
За големината на кралскиот клуб не треба да се трошат многу зборови бидејќи тоа секако ќе одземе многу саати па и денови. Освоените трофеи во богатата историја го зборуваат тоа за себе.
Реал Мадрид во текот на својето постоење дури 32 пати бил шампион на Шпанија, што е рекорд во оваа земја, 19 пати го освојувал националниот Куп на кралот и девет пати се заќитил суперкупот на Шпанија.
Кралскиот клуб е рекордер по бројот на освоени европски титули. Минатата сезона ја освои „Ла Десима“.
Од титулите на европската сцена иште се и по два трофеја во Купот на Куповите и Купот на Уефа. Интерконтитенталниот куп го освои во три наврати, а во декември минатата година на Сантијаго Бернабеу пристигна и трофејот наменет за клупскиот првак на светот.
Во декември 2000 година ФИФА го прогласи Реал Мадрид за најдобар клуб во 20.век додека десет години подоцна тоа го стори и европската куќа на фудбалот (УЕФА) со признанието за најдобар клуб во Европа за минатото стоелетие.
Дресот на Реал Мадрид го носеле голем број на великани во светскиот фудбал како што се Алфредо Ди Стефано, Ференц Пушкаш, Зидан, Раул, Бекам, Фиго, Касилјас и многу други кои заслужиле да влезат во историјата на овој клуб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


