| четврток, 6 декември 2018 |

Андријана Јаневска: За се во животот треба да постои баланс, освен за децата!

Македонската пејачка Андријана Јаневска, која од неодамна стана мајка по втор пат, вели дека во животот за се треба да постои баланс, освен за децата. Инспирирана од една приказна којашто ја прочитала, пејачката на сите мајки им порачала дека главен приориет во животот треба да им бидат децата, а не работата.

-Денес прочитав еден текст, кој малку ме растажи. Накратко, таткото доаѓа доцна од работа, а синчето го прашува колку заработува за еден час. Таткото луто му одговара, уморен по напорниот работен ден. А откако прашува зошто тоа го интересира, детето од под перницата вади парички кои долго време ги штедело и му вели: Сакам да купам еден час со тебе. Дојди си утре порано од работа заедно да вечераме.Текстот сам по себе нема некоја естетска вредност, но има добра поента која мене многу ме погоди, веројатно, затоа што имам две деца. Честопати новинарите знаат да ме прашаат како балансирам помеѓу кариерата и семејството, а мојот одговор е дека за се во животот треба да постои баланс, освен кога се децата во прашање. За нив нема ден или ноќ, за нив е целото време на светов. Оти немаат цена малите бели запчиња, наредени во насмевка; тие се бесценети. Секој може да ве замени на работа, но никој не може да го заземе мајчиното место во детското срце”, вели во пораката пејачката која е на трудничко боледување и ужива во времето што го минува со синовите Димитар и Кристијан

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top