Популарната пејачка Андријана Јаневска бесно ги искоментира нападите на нашите ракометари од јавноста на социјалните мрежи, по вчерашниот пораз од Чешка. Таа направи споредба со хорот во кој членува, сакајќи да укаже дека и покрај големата желба, некогаш од трема, едноставно може гласот да ви се одземе, нозете да ви се пресечат…
Прочитајте го нејзиниот статус:
Гледам све играчишта на ФБ, а у живот топка не пипнале. Сте излегле ли некогаш во јавност на било каков настап? На Европско првенство сигурно не, туку онака бар, у маало да имате некој јавен настап? Знаете ли што значи трема пред јавност? Знаете ли што значи ваков притисок? Па не знаете, де.
Повеќе од 15 години пеев на светски натпревари со Св. Злата Мегленска низ цел свет каде имало многу слични ситуации како оваа! Вежбаш две години секој ден, даваш се‘ од себе, се радуваш кога од 150 земји ја читаат Македонија меѓу најдобрите, а ако си меѓу првите, на радоста и‘ нема крај! Од преголема желба да те чуе цел свет, да ја претставиш својата татковина во најдобро светло, на крајот ти снемува глас!
Се случувало! Цел настап топ, но последните неколку акорди одлучувале дали ќе бидеш најдобар помеѓу најдобрите! Токму таквите ситуации те прават посилен во иднина! Св. Злата Мегленска не стана светски хор после 3 настапи. Едноставно со години се калеше и затоа сега е тоа што е!
Тоа важи и за многу други наши признати хорови, музичари, спортисти и уметници! Сетете се само на оној жар после првите натпревари, што значи кога целата нација е обединета, што значи да се бодри и сака татковината!
Коментари од типот: овој бил ваков, овој онаков, оној платен, овој сакат, глуп, слеп – од вечерва не толерирам. Што да правам, посилно е од мене. А бе Кире Лазаров е најдобар стрелец на СИТЕ ВРЕМИЊА! Да, да! Сигурно ракометарите повеќе сакаа да победиме отколку вие, верувајте! Или можда у кладилница не фативте?
Заради НИВ го пишува името Македонија, заради НИВ сме меѓу најдобрите, заради НИВ има толку навивачи на трибините и пред ТВ, заради НИВ, не заради вас! Затоа, видам ли плунка по ракометарите, заигрува џогер. Секоја навреда кон нив ќе ја сметам за навреда кон Македонија. А ја неќам да имам такви другари. На тој што плука нагоре, плунката ќе му се врати у фаца. Се знае, ракометарите се горе.
Ај сеа чао. 🇲🇰
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Како звучи македонско-грчка соработка кога нема политика: Ремек-дело на Андријана Јаневска и Апостолос Стефанопулос (ВИДЕО)
-
Пејачката емотивна: Цел свет го видов, но нему му се вратив
-
Андријана Јаневска како никогаш досега – целосно гола во новиот видеоспот (ВИДЕО)
-
Само со свој печат излегува песна што ќе допре до секој