| четврток, 6 декември 2018 |

Полициска потера кај Гевгелија

На локалниот пат Гевгелија – село Богородицаутрово во 1 часот и 55 минути полициски службеници од регионалниот центар Југ поради контрола се обиделе да сопрат патничко моторно возило со струмички регистерски таблички, кое наместо да застане на дадениот знак ја зголемило брзината и се упатило кон правец во Скопје.

Полициските службеници го стигнале возилото и откако полицискиот службеник излегол и се упатил, возачот нагло тргнал со возилото кон него, при што од страна на полицискиот службеник испукани се неколку куршуми во воздух за предупредување.

Возилото по кратко време пак е сопрено и утврдено е дека го управува лицето А.М. (40) од Струмица, кој заедно со четворица сопатници кои биле со него се приведени во Полициската станица за гранична надлежност Богородица за понатамошна постапка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top