Полицијата синоќа околу 20 часот и 30 минути пронајде и приведе три сириски државјани без документи за идетификација. Мигрантите биле во патничко моторно возило „БМВ 53 Д“ кое го управувал Ш.С.(41) од Скопје.
Возилото е забележано во близина на раскрсницата на патот Гевгелија – Богданци. Се упатило кон село Богородица, а потоа по автопатот Е-75 кон Скопје.
На автопатот Гевгелија – Скопје полициски службеници на возачот му дале знак за сопирање, но при обидот да извршат контрола и преглед, тој нагло стартувал наназад и удрил во службено возило. Потоа избегал, преминувајки преку металните огради на автопатот, по што е фатен. Возачот давал отпор и при обидот за негово приведување.
МВР презема мерки за целосно расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти