Суд во Љубљана прогласи за виновни родители чие бебе починало поради неухранетост. Кога починало, женското бебе имало осум месеци и само шест килограми. Судот ги осуди на казна затвор од една година и осум месеци иако Обвинителството бараше казна од шест години. Родителите, инаку вегани, со специфичен начин на живот и исхрана, го применувале тоа и кај детето – не му давале храна од животинско потекло и не прифаќаат лекување на лекар. Помош за бебето побарале откако за него немало спас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


