| четврток, 6 декември 2018 |

Управителите на фирмата „Антеа МГ“ фалсификувале и уништиле деловни книги

Струмичката полиција поднела кривична пријава против градежната фирма „Антеа МГ“ ДОО Штип и против нејзините управители М.Н. (43), Д.Ј. (27) и В.Т. (40), осомничени за даночно затајување и за фалсификување и уништување деловни книги.

Како што информираат од полицијата, осомничените се товарат дека во периодот од 2009 до 2012 година не пресметале и не уплатиле персонален данок во износ од околу 13,5 милиони денари или околу 220.000 евра. Во истиот период, пријавените пресметале помалку данок на добивка во износ околу 11 милиони денари, а потоа подготвиле даночна пријава со невистинита содржина и ја доставиле до Управата за јавни приходи (УЈП).

Според полицијата, осомничените го оштетиле буџетот на државата за вкупен износ од околу 24,5 милиони денари, односно околу 400.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top